Во тензичка политичка ситуација,без подготвеност од двете страни да се седне за надмнување на недоразбрањата, одлуката што ја донесов за одложување на локалните избори е единствен начин да се избегне евентуална есклација на состојабата на земјата, која би можела да прерасне во граѓански конфлкт и начин да се најде решение за излез од кризата.
Ова, го изјави албанскиот преседател Илир Мета на вонредното обраќање во кое ги образложи причните за донесената одлука со која го поништува декретот за датумот на одржување на локаланите избори,потенцирајќи дека „без датум кој ќе го одреди Претседателот, нема избори”.
Повикувајќи се на Уставот, тој рече дека претседателот на Републиката е единственото уставен орган кој има надлежност да го утврди датумот на спроведување на избори и референдуми. Тој додаде дека изборите се момент на обединување на албанските граѓани и не може да биде ден на поделеност.
– Постои реална опасност Албанија да тргне кон непредвидлива ескалација што може да предизвика непредвидени последици по нациналната стабилност на земјата.Тоа е закана за мирот во земјата. Развојот на слободни избори и без учество на опозицијата ги крши некои уставни принципи. Тоа како претседател не можев да го дозволам, рече Мета упатувајќи критики на адреса на власта и на опозицијата, кои, како што рече, останаа на своите есктремни ставови.
Посочувајќи дека со овој негов чекор не се создава никаков вакуум во работата на локалната власт, тој упати апел до политичките партии во земјата за дијалог, со цел надмнување на кризата,по што тој ќе го соопшти новиот датум.
-Ова е единствениот начин да се придонесе за решавање на кризата во земјата. Ги повикувам сите локални и меѓународни актери да воспостават дијалог и да најдат решение кое ќе биде во служба на европската иднина на земјата, порача Мета на крајот од своето обраќање.
Потоа „во живо” ја потпиша уредбата за поништување на претходната уредба со која изборите требаше да се одржат на 30 јуни и ги поздрави граѓаните на Албанија со симболот на двоглавиот орел,упатувајќи апел дека „Албанија и нејзината стабилност е над секој друг интерес”.