Грчкиот премиер, Алексис Ципрас попладнево ќе побара од претседателот во земјата, Прокопис Павлопулос распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори.
Како што најави Ципрас минатата недела, изборите би требало да бидат одржани на 7 јули.
Ципрас во текот на денот ќе ја претстави и изборната програма на неговата владејачка партија СИРИЗА.
Одлуката на Ципрас за предвремени избори следеше по поразот на СИРИЗА на изборите за Европскиот парламент и локалните избори во Грција со речиси десет отсто разлика во однос на опозициската Нова демократија.