Канаѓанка мора да плати телефонска сметка од 61.000 канадски долари (40.700 евра), иако таа негира дека ги направила повиците.
Надин Спеир била шокирана кога ја добила телефонската сметка за стотици меѓународни разговори, но телефонската компанија, „Бел МТС“, инсистира дека обвиненијата се валидни. Спеир не се согласува.
„Тоа е мојата годишна плата, ќе морам да ја ставам куќата под хипотека за да платам за тоа“, рече таа. „Се обидувам да останам смирена. Не можам да поверувам дека нема друго решение и дека како потрошувач сум толку изложена на ризик да добијам таква сметка, додека тие само велат: ‘Жал ми е’“.
„Бел МТС“, инсистира дека жената мора да ја плати сметката за повиците направени кон Куба и Филипините.
Спеир изјави дека е нелогично разумен човек може да помисли дека некој би можел да направи толку многу повици.
Независно, национално тело кое работи на решавање на ваквите случаи, вели дека инцидентот може да е пример за измама при што хакерите ја користат говорната пошта на луѓето за да влезат и да ја користат нивната телефонска линија.