Селекторот на машката ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список со 35 играчи кои конкурираат да бидат дел од селекцијата на квалификациските мечеви за ЕП 2024. Македонија на 12 октомври во Скопје игра со Луксембург, а на 16 октомври ќе гостува во Ван кај Турција.
Ова ќе бидат први официјални дуели откако на баражот со Чешка репрезентативните кариери ги завршија Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.
Во националниот тим по повредата се враќа Дејан Манасков. Како „нови“ имиња се двоецот од Валјадолид, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, како и Никола Костески чешки Плзен.