Поранешниот претседател на Пакистан уапсен поради обвинение за корупција

Поранешниот претседател на Пакистан, Асиф Али Зардари е уапсен денеска поради обвинение за корупција, изјави портпаролот на Националното биро за одговорност (НАБ), Навазиш Али.

Тој потврди дека Зардари е уапсен, но не соопшти повеќе детали.

Локалните медиуми пренесуваат дека НАБ го уапсиле Зардари по истрагата спроведена поради лажни банкарски сметки и перење пари.

Поранешниот претседател негираше какви било неправилности во врска со тие наводи, а неговата партија ППП тврди дека станува збор за политички мотивиран случај.

Зардари, кој е вдовец на поранешната премиерка Беназир Буто, помина 11 години во затвор поради обвинение за корупција и убиство пред да стане претседател во 2008 година. Тој ги негира обвиненијата за вмешаност во злосторствата.

Треба да знаете
Последни објави