Францускиот фудбалски првак Пари Сент Жермен побрза да подготви нов договор за еден од најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси откако во медиумите зачестија информациите дека Аргентинецот е подготвен да се врати назад во Барселона, клубот каде се афирмираше и ја стекна својата светска слава. „Светците“ од Париз каде Меси пристигна без отштета веќе подготвиле понуда за продолжување на соработката, а француските медиуми откриваат дека станува збор за догвор 1+1 години со плата од 30 милиони евра по сезона.
Во овој момент тешко е да се предвиди дали Меси ќе се согласи да остане во Париз и после крајот на актуелниот договор, кој му истекува во јуни 2023 година. Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона прави напори да го врати Меси на „Камп Ноу“, а тренерот Чави може да одигра клучна улога.
.