Турција иницира нова кампања наречена „Нула отпадоци во морето” со цел да се заштитат морските и водни ресурси. Организаторите на проектот се надеваат дека ќе соберат до 50.000 тони отпад од кои 30.000 пластика во летната сезона.
Проектот ќе го води Министерството за животна средина во соработка со турската Асоцијација за заштита на морската средина. Планирано е проектот да почне во Истанбул со чистење на дното на морето и чистење на брегот.