Ѓоко Камчев од Валандово ќе седне на пратеничко место на поранешниот премиер Никола Груевски. Поранешниот пратеник од претходниот состав периодот од 2014 до 2016 е следен на изборната листа во гласачкиот реон 4.
Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија, откако се поизвесно е дека денеска Собранието ќе ја прифати писмената оставка на Груевски без да има гласање, иако владеачкото мнозинство претходно инсистираше тој да ја поднесе лично.
Седницата на која треба да се констатира оставката е закажана за 12.30 часот.
Спикерот Талат Џафери решил да ја почитува праксата и како во изминатите шест случаи од овој мандат, да ја констатира и оставката на Груевски без негово присуство на седницата.