Меѓународното издание на „Њујорк тајмс” веќе нема да содржи политички карикатури по расправијата предизвикана од масовно осудената антисемитска карикатура на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Карикатурата објавена во април го прикажува Нетанјаху како куче со ременче со Ѕвездата на Давид кое го води слеиот американски претседател Доналд Трамп, кој носи еврејска кипа.
Навредливата карикатура ја нацрта португалскиот уметник Антонио Мораира Антунесас, а беше објавена за време на празникот Пасха.
Карикатурата предизвика бура во еврејската заедница и протести пред редакцијата на „Њујорк тајмс“ во Њујорк, а израелскиот амбасадор во ОН ја спореди со содржината во нацистичкиот пропаганден весник „Дер Штурмер“.
Обвинувајќи го за објавувањето на карикатурата уредникот за продукција кој не го препознал нејзиниот антисемитизам, весникот беше принуден да се повлече, а сега откиде чекор понатаму од извинување и целосно се откажа од објавувањето уреднички карикатури.
Уредникот Џејмс Бенет објасни дека весникот цела година планирал да престане да објавува политички карикатури во меѓународната печатена верзија, во согласност со изданието во САД. Одлуката ќе стапи на сила на 1 јули.
Издавачот на „Њујорк тајмс“, А.Г. Шулцбергер, во мај изјави дека уредникот кој ја објавил оригиналната карикатура ќе биде предмет на дисциплински мерки.