На 89-годишна возраст денеска почина поетот Милан Терзовски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.
Терзовски е роден во 1930 година во Куманово, а во писателската асоцијација членувал од 1961 година.
Автор е на збирките поезија: „Чекори во себе” (1961), „Омарнина” (1968), „Балади за Козјак” (1973), „Постапалки” (1981), „Галичица” (1985), „Црно распаќе на песната” (1991), „Сончев часовник” (2001), „Азбучна молитва” (2010).
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел” утре од 10.30 до 11.30 часот.