Поранешниот амбасадор на Ватикан во САД изјави за „Вашингтон пост“ дека геј-мафијата во раководството на црквата ги блокира обидите сериозно да се справат со сексуалната злоупотреба во свештенството.
Надбискупот Карло Марија Вигано, во детално интервју чии фрагменти беа објавени во понеделникот, вели дека кризата околу сексуална злоупотреба ќе била многу помалку сериозна ако проблемот со хомосексуалноста меѓу свештенството бил чесно признаен и правилно решен.
„Со оглед на мноштвото докази, збунувачки е што зборот ‘хомосексуалност’ не се појавува ниту еднаш во кој било од неодамнешните официјални документи на Светиот Престол што се занимаваат со сексуална злоупотреба од страна на свештениците. Наместо тоа, геј-мафијата меѓу бискупите, кои сакаа да се заштитат себесиси, ги саботира сите напори за реформи“, изјави Виган.
На крајот од август минатата година надбискупот Вигано објави шокантен извештај од 11 страници во кој се наведува дека во 2013 година лично го информирал папата Франциско за сериската хомосексуална злоупотреба од страна на тогашниот кардинал Теодор Мекарик, но дека папата ги игнорирал информациите и го ставил Мекарик на позиција со влијание во Ватикан.
Во тој извештај, Вигано ги поврзал кризата со сексуалната злоупотреба меѓу свештенстото и прикривањето од страна на бискупите со широка хомосексуална мрежа во црквата.
„Овие хомосексуални мрежи, кои сега се широко распространети во многу епархии, семинарии, религиозни редови итн., дејствуваат под превезот на тајноста и лагите и ги задушуваат невините жртви, свештеничкиот позив и целата црква“, вели тој.
Во своите обвинувања, надбискупот не се воздржа од именувањата. Според Вигано, кардиналот Франческо Кокопалмерио и надбискупот Винченцо Паља, на пример, ѝ припаѓаат на хомосексуалната струја која ја попречува католичката доктрина за хомосексуалноста.
Во јануари 2015 година папата Франциско го назначи кардиналот Кокопалмерио за претседател на Одборот за правна заштита од свештениците прогласени за виновни за сексуална злоупотреба на малолетници. Во август 2016 година папата го именуваше надбискупот Паља за претседател на Папската академија за живот и за Голем канцелар на Институтот за студии за бракот и семејството „Папа Јован Павле Втори“.
Многу од наводно погрешните назначувања од страна на папата биле направени врз основа на препораките на Мекарик, тврди Вигано.
„Тој го следеше советот од некој што е добро познат како перверзен, со што експоненцијално го зголеми со неговата врховна власт злото што го стори Меккарик. И колку други лоши пастири папата Француско сé уште продолжува да ги помага во нивното активно уништување на црквата“, вели тој.