Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително за фудбалските навивачи на претстојното Светско првенство во Катар, но сите посетители ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид – 19, соопштија денеска катарската Влада и Врховниот организациски комитет.
–Луѓето кои ќе дојдат во Катар немаат обврска да престојуваат во карантин, без разлика на вакциналниот статус и земјата од која доаѓаат, објавија организаторите.
Сепак, сите фудбалски навивачи постари од шест години на аеродромите пред заминувањето за Катар ќе мораат да приложат негативен резултат на Ковид – 19, не постар од 48 часови пред полетувањето за ПЦР тест и не постар од 24 часови за антигенски тест.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, а организаторите очекуваат во земјата да влезат над 2.5 милиони навивачи од целиот свет.