Со исплата на зголемената социјална помош, започна реализацијата на мерките од новата социјална реформа. Веќе над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, кој за најголемот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто. За прв пат, корисниците на Гарантираната минимална помош, добиваат детски додаток и додаток за основно образование.
Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, е трансформирана во право на додаток за образование. Опфатот на деца кои користат образовен и детски додаток се зголемува за околу 20 пати. Наместо 3.200 деца, сега детски додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.
Аплицирањето за новите права од социјалната реформа се уште трае и очекувано е бројот на семејства опфатени со овие мерки дополнително да се зголеми. Со новата социјална реформа на Владата и мнозинството предводено од СДСМ правиме целосна преобразба на системот на социјална заштита. Градиме фер и праведно општество на еднакви можности. Ја намалуваме сиромаштијата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и градиме вистински праведно и фер општество.