Македонските фудбалски аматери тргнаа со пораз во квалификациите од Регионалниот куп на УЕФА 

Македонската аматерска фудбалска репрезентација со пораз ги почна квалификациите во Регионалниот куп на УЕФА, откако попладнево загуби од селекцијата на Баварија со 2-0 (2-0).

Победникот на натпреварот беше одлучен по првото полувреме во кое германскиот тим поведе со 2-0 со головите на Винклер (13 минута) и Мајер (24).

Следен противник на избраниците на селекторот Жанко Савов во рамки на квалификациската група 5 ќе биде домаќинот, аматерскиот тим на регионот Лацио, на 2 октомври, додека во последното, трето, коло македонската селекција ќе игра против аматерскиот состав од Англија, Џерси, на 5 октомври.

Треба да знаете
Последни објави