Денеска, градоначалникот Филип Темелковски во салата за состаноци во Општина Кисела Вода оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов.
Темелковски и Ангелов разговараа за продлабочување и развивање на добрата соработка помеѓу Општина Кисела Вода и бугарската амбасада во Република Северна Македонија.
На средбата на која присуствуваа претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, градоначалникот Филип Темелковски го запозна амбасадорот Ангелов со можностите кои локалната самоуправа ги нуди, како за инвестирање така и за развивање на спортски туризам во месноста „Три круши”. Темелковски информираше и за реализацијата на планираните проекти.
Градоначалникот Филип Темелковски во разговорот со амабасадорот ја нагласи и одличната соработка на Кисела Вода со Општина Изгрев од Република Бугарија.