Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија, изјави дека ако отиде во Барселона, тоа ќе биде поради Лионел Меси.
– Има шанса да одам во Барселона, но не можам да кажам ништо повеќе, изјави Ди Марија во интервју за „Оле”.
Тој сподели дека сака да игра со Лионел Меси.
– Сакам да го гледам на тренинг. Тоа што го прави. Тоа е нешто уникатно, невозможно е да се објасни. Лео прави невозможни работи за време на тренингот, како и во натпреварите. Никој од нас не може да ги направи тие работи што ги прави. Затоа сакам да го гледам. Ако одам во Барселона, тоа ќе биде поради Меси, призна Ди Марија.