Младиот стопер на Ајакс, Матијс Де Лихт ова лето ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
За услугите на младиот Холанѓанец веќе голем интерес покажаа бројни европски гиганти, меѓу кои Барселона, Ливерпул и Манчестер Сити. Со оглед на тоа што Де Лихт практично е сигурно дека ќе го напушти Ајакс ова лето, управата на амстердамскиот клуб веќе ја пронајде неговата замена.
Станува збор за фудбалерот на Аз Алкмар, Рио Хилен кој веќе стана нов фудбалер на Ајакс. Роден е во 2003-та година и во изминатите пет години настапуваше во младинските категории на Аз, а доби и шанса во дресот на младинската репрезентација на Холандија.
Ајакс за неговите услуги издвои скромни 70 илјади евра, но со оглед на тоа што бројни фудбалери за експресно кратко време прераснуваат во вистински ѕвезди во амстердамскиот клуб, не би не зачудило овој фудбалер за некоја година да чини и над 50 милиони евра.