Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години, го загубиле животот во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо.
Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пиаценза-Турин, во провинцијата Павија, јавува Сител.
Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, завршиле на камион паркиран во зона за одмор.
Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.