Освојувачот на три Гренд-слем титули, Енди Мареј, се надева дека ќе се врати во сингл до крајот на 2019 година, но не мисли дека може да се приклучи на „Ју Ес Опен” во август.
Како што е познато, поранешниот светски број 1 ќе учествува во парови со Фелисијано Лопез на претстојниот тениски турнир во серијата АТП 500 во Квинс.
– Во моментов превземам бебешки чекори. Се чувствувам добро, не чувствувам многу болка и уживам во тренинзите. Многу се подобрувам, но не мислам дека по завршувањето на „Вимблдон”, ќе бидам подготвен да се вратам во сингл. Се надевам, на крајот од годината, повторно ќеможам да играм во сингл. Не сакам да поставам временска рамка, ќе биде неверојатно ако можам да се вратам на „Ју Ес Опен”, но ако не, јас нема да бидам разочаран. Мислам дека тоа нема да се случи, мислам дека ќе потрае малку подолго, рече Мареј, цитиран од „Би-Би-Си”.