Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека размислува да префрли 2.000 американски војници од Германија во Полска, мерка за која Варшава настојува како средство за спречување евентуална руска агресија.
– Зборувавме за тоа, истакна Трамп пред новинарите во Овалниот кабинет откако се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Според Трамп, САД располагаат со над 50.000 војници во Германија и две илјади од нив би можеле да бидат испратени во Полска. Тој додаде дека полската држава ќе потроши многу пари за изградба на касарни за овие војници, изразувајќи надеж дека Русија „ќе се однесува со почит кон Полска”.
– За жал тие многу често страдаат, истакна Трамп мислејќи на Полјаците.
Американскиот претседател изјави дека планира да ја посети Полска, но датумот се уште не е определен.