ЦО на СДСМ во Хотел Инекс во Охрид в недела ќе носи одлуки дали партијата ќе оди на предвремени избори, ќе има ли нов мандатар, или пак реконструкција што ќе зависи од тоа дали од Берлин ќе стигне истата порака како и од Брисел.
Дел од функционерите, наместо за брзи, се за избори на пролет до кога земјава ќе биде полноправна членка на НАТО, а дел од реформите и повидливи.
До недела Заев ќе ги избре и новите потпретседатели. Неофцијално враќање на позиции т.е. се споменуваат само за Мухамед Зекири и Оливер Спасовски.