„Фејсбук“ ќе отвори 500 нови работни места во технолошкиот сектор во Лондон до крајот на оваа година, вклучувајќи и 100 работни места во доменот на вештачката интелигенција.
Компанијата наведува дека голем број вработени ќе работат на системите за откривање и отстранување на штетна содржина, лажни налози и несоодветно однесување.
До крајот на годината се очекува вкупниот број на вработени во трите канцеларии во Лондон да достигне повеќе од 3.000, вклучувајќи го и новиот инжинерски центар во Сохо.
Во Лондон се наоѓа најголемиот инжинерски центар на „Фејсбук“ надвор од САД, кој до крајот на годината ќе има 1.800 вработени.