Југо излета од патот Тетово – Скопје, двајца повредени
Две лица се повредени кога изутринава автомобилот со кој се превезувале, од засега непознати причини, излетал и се превртел покрај автопатот Тетово-Гостивар. Несреќата се случила на околу еден километар од наплатната рампа кај во Тетово. Освен полицијата, на местото на настанот биле забележани и противпожарни екипи и возила на Брзата помош. Се очекува обвинителството да го испита случајот.
Според досегашните сознанија, двајцата патници не се во животна опасност.
фото: Алсат