На 14.06.2019 година во 15.30 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го привеле К.И.(28) од Косово, кој управувал патничко возило „Ренџ Ровер”, поради сомнение дека возилото е фалсификувано. Возилото било одземено, а К.И. бил предаден во СВР Тетово за понатамошна постапка.