Груевски на Фејсбук: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече дека Груевски се скрил во багажникот од автомобилот кој го извел од земјата.

Груевски се шегува дека премиерот Заев деновиве бил ептен хај и дека во животот не му паднало на памет да влегува во багажник за какви било цели.

„Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми. Ама “ХАЈ”треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ. Оти народот не е баш ХАЈ и разбира дека нашиов “ХАЈ” штом отвори уста-лаже. Лаже полесно од што дише“ вели меѓудругото Груевски во неговиот статус на Фејсбук.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157461113532716?__xts__%5B0%5D=68.ARACcLYwHxM0P251t50tgBMv7f6gLz8aTWu6dupmJNcNkmi5PSwHosPC2Rlp0X8R0x41hPMrYgJANpnXfdn9aDLlz9ZQKDclmDxlBYLpQIc8rnAV_hLBum_1x6EWszxRLSbbyRL6J8ulFPcUKrh-8O9Ps1D5QRw7mzSJLyKpUAst1yrv9tzckPNWe6Ndmi9RvMp8BtW7wyOTZnBtcrhRuRK8nSASZxLAKjCGUbwDjkDJIT4YqbeOdCPf1kjimMxpCVmmsi3CdC4bu5Ga9KUe67Jo7jvQktZPMFtME4wcLY2NDhbdDVVYuUcVaRoDJH6230VF_KhbVNLVaA&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави