В понеделник во Скопје во битка за меѓусебен престиж, во рамките од 6. коло во групата 4 од Ц-дивизијата во фудбалската Лига на нации, Бугарија ќе и гостува на Македонија со испукана „петарда“ против Гибралтар (5:1). Во петтото коло Бугарија во Разград ги штелуваше нишанските справи за новите предизвик.
Бугарија преку Антов во 23 минута поведе, а само три минути подоцна Гибралтар израмни преку Чиполина и ги разлути домаќините, кои до крајот постигнаа уште четири гола. Десподов во 36 минута, Кирилов во 52, Стефанов во 55 и Петков во 81 минута се запишаа во листата на стрелците.
По 5. коло Грузија со 13 бодови е првопласирана, пред Македонија која има седум, Бугарија е трета со шест, а последен е Гибралтар со еден бод.