Жена на возраст од 34 години и нејзиното тригодишно дете загинаа, откако мајката скокнала од 4 кат, а претходно го фрлила своето дете од опожарениот стан, денеска во Белград.
Оваа страшна трагедија доби сосема нов развој откако истражните органи излегоа на терен и утврдија дека мајката најверојатно сама го предизвикала пожарот, а потоа ѝ ги пресекла вените на својата ќеркичка, па на себе и скокнала од 4 кат, заедно со своето дете.
Трагедијата се случи утрината околу 8 часот, во стан во зграда на Бежаниска коса.
Како што пренесуваат српските медиуми, пожарникарите се обидуваат да дојдат до станот од каде сѐ уште излегува силен чад.
Станарите од зградата и околните згради кои излегоа по трагедијата, сѐ шокирани од глетката.