Јувентус платиле само милион евра за Маурицио Сари

Јувентус му платил на Челзи компензација од само еден милион евра за тренерот Маурицио Сари, пишува „Тутоспорт”.

Сари имаше договор со Челзи уште две години, но претпочита да си замине и да се врати во Серија „А”.

Шеесет и едно-годишниот стручњак потпиша две години со „Старата дама”, а првично се сметаше дека Јуве треба да плати 6 милиони евра оштета на Челзи, но раководството на торинскиот клуб успеа да договори значително помал износ, според италијанскиот печат.

Треба да знаете
Последни објави