(Видео) Руски ловци во еден ден двапати пресретнаа американски бомбардери

Руски воени авиони двапати во западниот и јужниот дел на границата пресретнале американски бомбардери Б-52H, објави руското Министерство за одбрана.

До блиските средби на руски и американски авиони дошло над Балтикот и Црното Море.

Министерството потврди дека во понеделникот во два наврати биле пресретнати стратешки бомбардери без наведување на точниот број на авиони кои учествувале во акцијата.

 

„Екипажите на руски борбени авиони ‘су-27’ пресретнале стратешки бомбардери Б-52H од воздухопловните сили на САД кои се приближиле до руската национална граница од правец на Балтичкото и Црното Море”, соопшти руската армија. Исто така се додава дека американските авиони не ги кршеле граничните прописи, а пофалени се и руските пилоти кои американските авиони ги испратиле мирно и во согласност со меѓународните правила.

Американски стратешки авиони, вклучувајќи и такви за шпионажа, во последниве години активно летаат над воздушниот простор во близина на руската граница.

Иако досега не се случија поголеми инциденти, Москва и Вашингтон меѓусебно се обвинуваат за непријателска акција. Русија инсистира на тоа дека ваквите летови предизвикуваат непотребни тензии, додека пак САД се жалат за непрофесионално однесување на руските пилоти во текот на следењето.

Треба да знаете
Последни објави