Роберто Карлос, легендарниот бразилски репрезентативец, на својот профил на Твитер стави илустрација на мајмун облечен во дрес од Бразил. Тоа е негова форма на поддршка за неговиот сонародник Винисиус Јуниор, кој доживеа расистички навреди во последните денови. Причина за тоа беше неговото славење на головите со танцување.
Винисиус беше особено остро критикуван во култното шоу „Ел Чинрингито“ од Педро Кастро, претседателот на здружението на шпански агенти.
„Ако постигнете гол и потоа танцувате самба, одете на Самбодром. На теренот треба да ги почитувате противниците и да престанете да се однесувате како мајмун“, рече Кастро.
На мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал, Винисиус беше навредуван од публиката која извикуваше како мајмун кога тој ќе ја имаше топката.