Тинејџерот кој ја сподели фотографијата на принцот Хари со вперен пиштол во главата, црвена дамка и кукест крст, е осуден на 4 години и 3 месеци затвор.
Неколку месеци откако принцот Хари се ожени со поранешната актерка Меган Маркал, Мајкл Шевчук (19) во пост на социјалните мрежи со фотографија порача: „Ќе се видиме подоцна предавнику на расата”, објави АП.
Шевчук беше осуден за кривично дело поттикнување на терористички дејства, а судијката Ребека Пулет изјави дека фотографијата е „одвратна”.
Тинејџерот е член на неонацистичката група „Дивизија на сончевата војна“.