Николас Мадуро ја откри високата цена за обидот за негов атентат со дрон

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, обвини припадник на опозицијата за кражба на големата сума пари наменета за неуспешен обид за атентат врз него минатиот август, пренесува „Спутник“.

Мадуро претходно тврдеше дека Колумбија и САД се вклучени во заговор за убиство, што двете земји го негираа. Еден пребеган Венецуелец во март обелодени дека беспилотните летала биле купени во САД и доведени до Колумбија пред нападот.

„Денес знаеме како бил подготвен нападот во Колумбија и кој го финансирал”, рече Мадуро на воената церемонија во Каракас во понеделникот.

„Операцијата за атентатот чинеланеколку милиони долари, има шпекулации за сума од 20 милиони долари”, рече Мадуро. „Овие пари“, додаде тој, исчезнаа бидејќи биле земени од опозицискиот пратеник Хулио Борхес.

На 4 август 2018 година, две вооружени беспилотни летала полетаа за време на воената парада во Каракас додека Мадуро држеше говор. Претседателот го избегна нападот неповреден, но експлозијата, која се случи предвреме, повреди неколку војници.

Мадуро првично ги обвини за нападот Колумбија и САД, двете земји кои имаат ледени односи со Венецуела по смртта на Хуго Чавез. И Вашингтон и Богота ги отфрлија обвинувањата.

Малку позната тајна група наречена „Фланел солџерс“ ја презеде одговорноста за нападот следниот ден, велејќи дека снајперисти пукале во беспилотните летала натоварени со C-4.

Четири дена по нападот, венецуелскиот Врховниот суд нареди апсење на Хулио Борхес, поранешен шеф на Националното собрание, обвинувајќи го за обид за убиство и предавство во врска со нападот на беспилотни летала.

Борхес, кој живее во егзил во Колумбија, ги отфрли тврдењата како апсурдни и го опиша инцидентот како обид од Мадуро да го одвлече вниманието на населението од влошената социјална и економска ситуација во земјата. Венецуела ја повика Колумбија да го екстрадира Борхес, но Богота му даде статус на бегалец.

Дури во март 2019 година еден од наводните сторители објави информации за операцијата. Неименуван човек чие лице не беше прикажано, изјави за Си-ен-ендека беспилотните летала биле купени преку интернет во САД и донесени во изнајмена куќа во Колумбија.

Тој, исто така, тврдел дека се сретнал со неколку американски официјални лица три пати по нападот. Средбата била договорена за да се соберат и да се проучат информации за операцијата, но  се останало на тоа.

Треба да знаете
Последни објави