Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по завршувањето на првата независна истрага за неговата смрт.

Во долгоочекуваниот извештај кој денеска е објавен, Каламард го посочува и виновникот за убиството: Саудиска Арабија, во согласност со меѓународното право, е одговорна за убиството на Кашоги, објави Си-ен-ен.

Овој истакнат новинар и колумнист во „Вашингтон пост“ беше убиен откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. На почетокот Саудијците тврдеа дека Кашоги излегол од конзулатот и дека тој бил убиен во борба со непријателски саудиски агенти, но на крајот саудискиот државен обвинител призна дека убиството на Кашоги било испланирано.

Кашоги, кој често го критикувал саудискиот принц, избега во САД, стравувајќи за својот живот во Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија продолжува да инсистира на тоа дека ниту принцот Мохамед бин Салман, ниту кралот Салман не знаат ништо за планираното убиство на Кашоги. Меѓутоа, американски официјални претставници тврдат дека таквата мисија, вклучувајќи и 15 саудиски агенти кои од Ријад заминале во Истанбул непосредно пред убиството, не можела да биде извршена без дозвола на принцот бин Салман.

Треба да знаете
Последни објави