Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревара од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември).
Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул), исто така нема да можат да се стават на располагање.
Подоцна во текот на денот ќе бидат соопштени имињата на фудбалерите кои ќе добијат дополнителен повик во репрезентацијата.
„Црвено-жолтите” попладне (17:30 часот) на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе го имаат првиот тренинг од подготовките.