Познат британски новинар се пофали дека консумирал дрога со Тајсон

Британскиот водител и новинар Пирс Морган (54) пушел марихуана со боксерот Мајк Тајсон (52). Во интервју за Радио Тајмс, Пирс рече дека тоа е единствениот пат кога тој го направил тоа со својот омилен боксер.

„Мајк има ранч со марихуана во Калифорнија, па пушев затоа што тоа таму е легално“, рече познатиот новинар.

Мајк е голем љубител на канабис, во Калифорнија има огромен ранч на кој одгледува марихуана, а го отвори откако таму е легализиран канабисот за рекреативни цели.

Во една пригода Тајсон призна дека понекогаш пушел за време на својата кариера, но само еднаш се борел под дејство на канабис.

Тој има насадено канабис на плантажа од 40 хектари, на која исто така врши истражување за ефектите на медицинската марихуана.

Треба да знаете
Последни објави