Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во историска дводневна посета на Северна Кореја. Станува збор за прва посета на кинески лидер во изминатите 14 години. Тој во Пјонгјанг, ќе има средба со лидерот Ким Џонг-ун во обид да се засилат билатералните односи.
Можно е за време на дводневната посета Си да разговара со Ким за обнова на преговорите за корејската нуклеарна програма со Вашингтон. Следната недела се очекува Си да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Г-20 во Јапонија.