Македонскиот напаѓач Илија Несторовски од клупата за резерви го проследи триумфот на Удинезе против фаворизираниот Интер (3-1) во седмото коло од Серија А. Победата на домашната екипа беше сосема заслужена, со оглед на случувањата и шансите на овој дуел.
Натпреварот започна со прекрасен погодок на Николо Барела. Неговиот шут од слободен удар донесе гостинско водство по само пет минути игра. Публиката имаше причина за радост во 22. минута. Милан Шкриниар несреќно ја зафати топката и ја смести во сопствената мрежа. Автоголот донесе егал во мечот и големо задоволство на трибините.
Един Џеко беше најблиску до решавање на мечот во вториот дел. Сепак, босанскиот голгетер се најде во офсајд позиција, па не доби шанса да се радува на постигнатиот гол. Доста измени се направија во завршницата од мечот, која донесе среќен крај за домаќинот. По еден корнер, Јака Бијол со глава погоди за 2-1, а крај на секоја надеж за Интер стави Толгај Арслан во надополнувањето од натпреварот.
Удинезе продолжи да импресионира на стартот од сезоната. Со денешниот успех се искачи на самиот врв на табелата, а воедно им направи услуга на ривалите на Интер, кои ќе ја зголемат разликата со позитивни резултати овој викенд.
Интер, кој има 12 бода по 7 рунди и е на шестото место на табелата.