Приведен е Матија Погба, постариот брат на играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, под обвинение за рекет како дел од организирана банда и криминален заговор, објави „RMC Sport”.
Адвокатот на Матија најави жалба на одлуката.
Обвинети беа и четворица други осомничени, на возраст меѓу 27 и 36 години, и сите се приведени додека трае судењето.
Претходно, фудбалерот на Јувентус обзнани дека бил жртва на изнуда и закани од организирана банда. Беше објавено дека братот на фудбалерот Матија Погба, кој е дел од оваа криминална група, со уцена изнудува од Пол околу 13 милиони евра.