Виетнам формираше специјален тим на експерти, вклучувајќи и четворица руски научници, кои треба да помогнат во зачувувањето на телото на балсамираниот виетнамски државник Хо Ши Мин.
Беше формиран специјален совет, кој ќе започне со работа следниот месец за да ја процени состојбата на неговото тело, прв пат балсамирано пред речиси 50 години.
Неколку земји во светот, вклучувајќи ги Кина, Северна Кореја и Виетнам, ги балсамираа своите основачи, благодарение на помошта од советската „лабораторија на Ленин”, која го изложи балсамираното тело на Ленин во Москва кратко време по неговата смрт во 1924 година.
Овие тела бараат редовно и скапо одржување и повремено повторна балсамирање.
Телото на револуционерот и прв претседател на Демократската Република Виетнам лежи во стаклен ковчег во голем мавзолеј во Ханој по неговата смрт во 1969 година.
Мавзолејот привлекува илјадници посетители годишно.