Фудбалерите на Тотенхем убедливо славеа над Лестер со 6:2 (2:2) во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата.
„Лисиците“, иако добро тргнаа, сепак го доживеаја шестиот сезонски пораз, а се покажа дека Брендан Роџерс е спремен за тренерска смена и отказ. Овој старт на сезоната е еден од најлошите во поновата историја за Лестер, па јасно е дека деновите на предводникот му се одброени.
Хјунг Мин Сон го започна мечот од клупата, влезе во игра во 59 минута, а потоа во рок од 15 минути постигна три гола. Беше стрелец во 73, 84 и 89 минута од средбата.
Пред него за Тотенхем погодуваа и Кејн во осмата минута, Дајер во 21, како и Бентанкур непосредно пред паузата.
На спротивната страна за Лестер стрелци беа Тилеманс од пенал во шестата минута, а стрелец беше и Медисон во 41.
Тотенхем држи чекор со Манчестер Сити на врвот на табелата, па барем до утре (Арсенал игра со Брентфорд) ќе биде второпласиран. Од друга страна, Лестер е закован на дното, има само еден бод од првото коло и шест последователни порази.
Немаше победник на дуелот Њукасл – Бурнмаут (1:1), одложен е мечот Брајтон – Кристал палас поради штрајк, а Манчестер сити славеше кај Вулверхемптон со 0:3.