Белград попладнево уживаше во спектаклот на Ред Бул, а главна ѕвезда беше поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард.
Шкотланѓанецот со громогласен аплауз излезе на предвидената патека во болидот со кој Себастијан Фетел во 2011 година стана светски првак.
Dejvid Kultard vozi formulu u centru Beograda pic.twitter.com/8GuNoFhW3v
— B92 Sport (@b92sport) September 17, 2022
Белграѓани овој спектакл го дочекаа со овации и аплаузи, а вистинското шоу започна кога Британецот излезе од возилото и заигра на звуците на српската труба.
Дејвид Култхард, во ерата на Михаел Шумахер, победни на 15 трки во Формула 1.