Парламентот на Киргистан ја поддржа регулативата на парламентарната Комисија за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на земјата, Алмазбек Атамбајев, изјави за ТАСС извор од парламентот.
„Пратениците ја поддржаа одлуката на специјалната комисија дека поранешниот претседател Атамбајев да биде лишен од имунитет”, рече изворот, додавајќи дека 95 од вкупно 100 пратеници присутни на седницата гласале „за“, а петмина гласале „против“.
Сепак, според изворот, Атамбајев нема веднаш да биде лишен од имунитетот.
„Според законот, процесот ќе биде завршен дури откако Канцеларијата на јавниот обвинител ќе даде позитивна оценка за ова прашање и пратениците ќе го одобруваат, по што ќе има уште едно гласање”, истакна изворот.
Комисија за одземање на имунитетот на поранешниот претседател, формирана на 13 јуни, вклучува членови на сите шест парламентарни фракции. Членовите на парламентот треба да го завршат процесот во рок од три месеци, во спротивно обвинувањата ќе се сметаат за повлечени.
Атамбајев е осомничен дека е вмешан во корупциски шеми поврзани со реконструкцијата на термоцентралата „Бишкек“ и Историскиот музеј, за незаконско ослободување на криминалниот шеф Азиз Батукаев, за нелегални испораки на јаглен во термоцентралите во „Бишкек“, како и за пренамена на парцели во регионот Исик-Кул и за незаконско добивање парцела за изградба на станбена куќа во населбата Кои-Таш, во регионот Чуј.
Атамбајев беше претседател на Киргистан од 2011-2017 година.