Алиоски со Фенер ремизираа кај Рен, Тричковски и АЕК се радуваа против Динамо Киев

Во вечерниот термин од натпреварите во Лигата на Европа настапија двајца македонски интернационалци.

Езгјан Алиоски и Фенербахче ремизираа 2-2 на гостувањето кај Рен. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 57.минута при резултат 2-0 за домашните, кои постигна два брзи гола преку Мартин Терие и Ловро Мајер. Хамар Траоре доби црвен картон кај Французите во 83.минута, па тимот од Истанбул дојде до еден бод со пенал во судиското продолжение кога реализираше Енер Валенсија.

АЕК Ларнака дојде до победа од 1-0 на гостувањето кај Динамо Киев, натпревар што се одигра во Краков, Полска, поради војната во Украина. Македонскиот интернационалец Иван Тричковски го почна натпреварот со капитенската лента и играше до 64.минута. Единствениот гол беше постигнат уште во осмата минута преку Адам Ѓурчо од слободен удар.

Треба да знаете
Последни објави