ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ „Додека државата оди напред, Мицкоски зборува за враќање чекор назад, осамен е во деструктивната матрица“.
-Дека одиме назад а не напред вели Европската Унија која не додели датум за преговори. Дека сме најкорумпирана земја во Европа потврди последниот меѓународен извештај на Транспаренси. А единствено блескаме по криминалот, корупцијата и неправдата. Затоа на Македонија и треба обнова која ќе донесе правда, успеси и стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.