Дали знаете дека 100 грама кајсии имаат само 48 калории? Покрај тоа што се нискокалорични, ова слатко овошје е одличен извор на бета-каротен, витамин Ц, калиум и влакна.
Благодарение на оваа здрава комбинација, кајсиите се одлична состојка во вкусни и освежувачки пијалаци.
Имајќи предвид дека сезона на кајсии кратко трае, искористете ги овие сочни топки што е можно повеќе. Покрај тоа што се вкусни, тие имаат цела низа здравствени придобивки, а благодарение на фактот дека се нискокалорични се вклопуваат во секое мени, па и оние кои имаат цел за губење на тежината.
Ако сакате смути, ви претставуваме еден рецепт од кајсии и банани.
Состојки
– банана
– 3-4 кајсии
– 2 дл вода (можете да ставите повеќе или помалку вода во зависност од густината на смутито кое го сакате)
– лажица ленено семе
– неколку коцки мраз
Подготовка:
Овошјето исчистете го и исечете го на парчиња, а потоа ставете ги сите состојки во блендер и мелете додека смесата не стане еднолична.
Напомена: Водата во смутито можете да ја замените со млеко, а ако сакате дополнително да го засладите, користете мед.