ЛШ: Халанд ја реши Борусија Дортмунд, нов триумф на Реал Мадрид

Ерлинг Халанд ја нокаутира Борусија Дортмунд и донесе победа од 2-1 за Манчестер Сити. Белингам донесе водство за гостите, а израмни Стоунс.

Реал Мадрид славеше на домашен терен против Лајпциг со 2-0. Феде Валверде беше стрелец во 80.минута, а Марко Асенсио го потврди триумфот.

Бенфика го победи Јувентус во Торино со 1-2.

Наполи оствари триумф (0-3) против Глазгов Ренџерс на гости, со головите на Матео Политано од пенал, Џакомо Распадори и на Ндомбеле. Претходно Зиелински не успеа да реализира пенал.

Челси одигра 1-1 против Лајпциг на дебито на Грем Потер. Стерлинг донеде водство, но израмни Окафор.

ПСЖ со пресврт го совлада Макаби Хаифа со 1-3. Домаќинот поведе со голот на Тјарон Чери, но Лионел Меси израмни, а Килијан Мбапе се погрижи за пресврт. На крајот стрелаше и Нејмар.

Треба да знаете
Последни објави