Bо Филаделфија имаше голема експлозија во рафинеријата за гас, објави „Фокс њуз“.
Рафинеријата се наоѓа во градот, а во близина е и спортски комплекс.
Се уште нема информации за штети и потенцијални жртви.
Властите потврдија дека во раните утрински часови по локално време дошло до пожар во комплексот стар 150 години. Но, тие не дадоа повеќе детали.
На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од експлозијата.
Како што објави „Ен-би-си“, сведоците што живеат во соседството велат дека слушнале повеќе експлозии. Тие беа, велат тие, толку силни што им паѓаа работите во домот.
Во комплексот каде што се случи експлозијата, работат околу 1.000 луѓе.