Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку соопштение реагираше во врска со последните закани упатени кон новинарот Бранко Героски.
Во соопштението се наведува дека за Агенцијата се неприфатливи какви и да било обиди за спречување на слободата на изразување.
– Новинарите и медиумите мора да бидат оставени да ја работат својата работа професионално, а сите субјекти, институции и јавноста воопшто треба да прифатат дека слободата на изразување подразбира различни гледишта без оглед дали некому му се допаѓаат или не, се вели во соопштението.