На 20.06.2019 во 15.05 часот во Полициската станица Берово, 43-годишен жител на Берово пријавил дека, додека седел со неговата сопруга во дворот на неговиот тетин Н.Б.(60) од Берово, Н.Б. влегол во собата каде била неговата малолетна ќерка и почнал да ја допира по телото.
Н.Б. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Берово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.