Еквадор се соочуваат со исфрлање од Светското првенство во Катар, тврди британскиот „Дејли мејл“, откако ја добиле аудио-снимката на која Бајрон Кастилјо потврдува дека е роден во Колумбија и дека добил нов идентитет за да настапува за нивната репрезентација.
Овие вести доаѓаат неколку дена пред ФИФА да ја објави конечната одлука за Кастилјо, откако Чиле се жалеше дека постои лажење и фалсификување документи околу Кастилјо, кој играше во осум меча во квалификациите за Светското првенство.
Според „Дејли мејл“, тие ја добиле снимката од интервјуто кое Кастилјо го дал пред четири години и во кое јасно кажува дека е роден во 1995, а не во 1998, потврдува дека целосното име му е Bayron Javier Castillo Seguro, како што се покажува во колумбиските документи, а не Byron David Castillo Segura, како што е регистриран во Еквадор. Тој исто во детали опишува како си заминал од колумбискиот град Тумако за Сан Лоренцо во Еквадор за да продоолжи со фудбалската кариера, именувајќи еден еквадорски бизнисмен, Марко Замбрано кој му помогнал да добие нов идентитет.
Домаќинот Катар треба да игра со Еквадор во првиот меч на Мундијалот на 20 ноември.
Чиле се надеваат дека ќе го заменат Еквадор на СП, бидејќи Кастијо играше во двата меча меѓу двете репрезентации, а Чиле освои само еден поен. Ако добијат службени 3:0 победи, тие ќе скокнат од седмото на четвртото место на табелата во квалификацискат група, пред Перу поради подобра гол-разлика.
Ова нема да биде преседан – во 2016, Боливија загуби четири меча од квалификациите за СП службено, откако дефанзивецот Нелсон Кабрера претходно играл за парагвајската репрезентација.